Хамилтон би можел да си замине од Ферари

Хамилтон во Ферари: Мистерија која се продлабочува

Поранешниот Формула 1 возач и стјуард на ФИА, Дерек Ворвик, коментира за перформансите на Луис Хамилтон во тимот на Ферари. Според Ворвик, британскиот ас сè уште не се изразува на начин на кој се очекуваше од него во новата екипа.

„Не ми е јасно зошто Хамилтон има такви потешкотии со Ферари. Ова останува енигма за мене. Кога победи на спринт трката во Кина, помислив дека е тоа пресвртница, но болидот сè уште не му е совладан. Сите помисливме дека овој трансфер во Ферари му е одлична шанса за освојување на осмата титула, но тешко му оди приспособувањето на новиот тим, нивните системи и начини на работа. Дали би сакал да го видам Луис како победува и се бори за светската титула? Секако дека да, тоа го заслужува. Меѓутоа, оваа година не изгледа дека ќе се оствари тоа. Ако продолжи вака, можно е да размисли за заминување од Ферари“, изјави Ворвик.

Луис Хамилтон во моментот има 71 поен пред трката за Големата награда на Канада. Тој е рангиран на шесто место во генералниот пласман меѓу возачите, со 23 поени помалку од тимскиот колега Шарл Леклер.