Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, изјави дека не планира да се пензионира и дека очекува да остане во Формула 1 уште неколку години.
Седумкратниот светски шампион го освои шестото место на последната трка во Шпанија, што го продолжи слабите резултати на италијанскиот тим.
По наредба на тимот, му отстапи место на клупскиот колега Шарл Леклер, а Нико Хулкенберг успеа да го престигне во завршните кругови. Веќе има 23 поени помалку од Леклер во пласманот, а 115 помалку од лидерот Оскар Пјастри.
Сепак, 40-годишниот Хамилтон истакна дека неговата авантура во Ферари само што започнала и дека нема планови за пензија во блиска иднина.
„Нема причина да престанам да се натпреварувам во наредните години, и затоа ги повикувам медиумите да не измислуваат приказни за моето пензионирање. Моето патување тука само што почна и пред мене се уште многу трки со овој тим“, рече Хамилтон.
Овој викенд шампионатот во Формула 1 продолжува со Големата награда на Канада. Квалификациите се вечерва од 22 часот, додека трката е закажана в недела во 20 часот.