Луис Хамилтон ја обезбеди првата стартна позиција за спринт трката која претходи на Големата награда на Кина. На патеката во Шангај, возачот на Ферари постигна рекордно време од 1:30.849 минути. Квалификациите беа исклучително неизвесни, што се гледа од временските разлики. Макс Ферстапен беше послаб за само 18 илјадити делови од секундата, додека Оскар Пјастри беше побавен за 80 илјадити делови од секундата. Шарл Леклер од Ферари ќе стартува од второто редење, веднаш до Пјастри. Во третиот ред ќе бидат британските возачи Џорџ Расел (Мерцедес) и Ландо Норис (Мекларен). Зад нив се Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Јуки Цунода (Рејсинг Бул), Алекс Албон (Вилијамс) и Ленс Строл (Астон Мартин). Спринт трката е закажана за утре во 4 часот по средноевропско време, додека квалификациите за главната трка ќе започнат во 8 часот. Главната трка на Големата награда на Кина ќе се одржи в недела од 8 часот.