Хамилтон би можел да го напушти Ферари

Поранешниот Формула 1 возач и стјуард на ФИА, Дерек Ворвик, изразува сомнеж за перформансите на британскиот возач Луис Хамилтон во тимот на Ферари. Според него, Хамилтон не успева да ги исполни очекувањата.

„Не знам зошто Хамилтон не може да се прилагоди на возењето за Ферари. Тоа е навистина мистериозно. Кога победи во спринт трката во Кина, помислив дека тоа ќе биде пресвртна точка, но тој сè уште не може да се снајде во болидот. Сите мислевме дека неговото преминување во Ферари е одлична шанса за освојување на осмата светска титула, но за жал, не може да се навикне на новиот тим, нивниот систем и начин на работа. Дали сакам Луис да победи и да се бори за титулата? Секако, тоа го заслужува, но за жал, тоа нема да се случи оваа година. Ако вака продолжи, мислам дека ќе размислува за заминување од Ферари,” изјави Ворвик за медиумите.

Во пресрет на трката за Големата награда на Канада, Луис Хамилтон има 71 поен и се наоѓа на шестото место во генералниот пласман, со 23 поени помалку од тимскиот колега Шарл Леклер.