Хакими ќе биде спремен за финалето против Арсенал.

Пари Сен Жермен се радуваше по завршувањето на полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите против Баерн, со вкупен резултат од 6:5. Во реваншот во Минхен, ПСЖ настапи без Ашраф Хакими, кој се повреди во првото соочување.

Охрабрувачка вест за шпанскиот стратег е тоа што 27-годишниот десен бек веројатно ќе биде спремен да се врати пред финалето на Лигата на шампионите, кое е закажано против Арсенал на 30 мај во Будимпешта. Но, Хакими не е единствениот играч за кој Луис Енрике има загриженост, пренесува „RMC“.

Незвесно е и дали рускиот голман Матвеј Сафонов, кој беше на голот во полуфиналниот двомеч, ќе биде подготвен за финалето поради повреда на листот, а прашање е и состојбата на вториот голман, Лука Шевалије.

Прочитајте и:  Премиер лигата на Македонија започнува на 25 јули, а првото дерби помеѓу Вардар и Шкендија ќе се игра во второто коло.

Двајцата дефинитивно ќе го пропуштат натпреварот од домашното првенство против Брест, но се надеваат дека ќе бидат подготвени за финалето на ЛШ.

Исто така, играчот од средниот ред, Варен Заир-Емери, се соочува со повреда на грбот.

Foto/ Depositphotos