Гвардиол одбил да потпише за Реал, зашто сака да игра за англиски гигант

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол долго време е во центар на внимание затоа што многу гиганти се заинтересирани за неговите услуги.

Новинарот на „Билд“, Кристијан Флак објави дека Гвардиол одбил да потпише за Реал Мадрид затоа што сака да игра за англиски гиганти, односно за Ливерпул.

Гвардиол пред почетокот на Светското првенство призна дека Ливерпул му е омилен клуб и еден ден сака да го облече дресот на поранешниот англиски првак.

„Кога почнав да играм фудбал, почнав да сонувам за Премиерлигата и Ливерпул“, кажа Гвардиол.

- Реклама -