Групацијата „Балфин“ и „Флаинг Тајгер Копенхаген“ објавуваат планови за стратешка експанзија на малопродажбата во регионот на Западен Балкан.

Групацијата „Балфин“, една од најдинамичните и најразновидни инвестициски групации во Западен Балкан, склучи стратегиско партнерство со „Флаинг тајгер Копенхаген“, познатиот дански малопродажен бренд, во согласност со планираното отворање на 50 продавници во регионот во следните четири години.

Овој значаен договор значи важен напредок за малопродажниот сектор во регионот, истовремено потврдувајќи ја посветеноста на двете компании кон одржлив развој и иновации фокусирани на потрошувачите. Тој во целост ги отсликува напорите на „Балфин“ да донесе глобални брендови и искуства на Западен Балкан и оформува стратегија за ширење на присуството на „Флаинг тајгер Копенхаген“ на пазари со голем потенцијал.

Првата продавница ќе биде отворена во октомври 2025 година во Скопје, по што ќе следат нови отворања во Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

„Градејќи го нашето присуство во Европа и успешно влегувајќи на турскиот пазар во октомври 2024, увидовме дека Западен Балкан е логична следна фаза за нашата експанзија. Регионот е подготвен за меѓународни брендови и е отворен за креативни и достапни производи, што совршено се вклопуваат во концептот на „Флаинг тајгер Копенхаген“. Ние сме возбудени што влегуваме во оваа област и со нетрпение очекуваме да стигнеме до потрошувачите од Западен Балкан“, изјави Јулиус Шмидт, регионален директор за Индија, Блискиот исток и Африка за „Флаинг тајгер Копенхаген“.

Стивен Грунеруд, потпретседател за стратешки развој на групацијата „Балфин“, го оцени партнерството како клучен спој на заеднички вредности и визии: „Како лидер во малопродажниот сектор во Југоисточна Европа, групацијата „Балфин“ служи како порта за врвните меѓународни брендови што сакаат да се приклучат на овој динамичен и брзорастечки пазар. Соработката со „Флаинг тајгер Копенхаген“ е доказ за нашата посветеност кон долгорочни партнерства кои носат вредност и квалитет за нашите потрошувачи.“

Партнерството, освен комерцијалните аспекти, ќе создаде значителни социоекономски придобивки за регионот, создавајќи приближно 400 нови работни места во пет земји со акцент на локалните позиции, што директно ќе помогне во економското зајакнување и развојот на работната сила.

Заедничките иницијативи на „Балфин“ и „Флаинг тајгер Копенхаген“ поставуваат основа за современо, достапно и привлечна малопродажна средина која ги инспирира потрошувачите и дава поддршка на локалните заедници, поставувајќи нови стандарди за меѓународни партнерства во Западен Балкан.

За „Флаинг тајгер Копенхаген“

Основан во 1995 година, „Флаинг тајгер Копенхаген“ брои над 1.000 продавници во 38 земји ширум светот. Брендот е познат по своите скандинавски корени, уникатниот визуелен идентитет и мисијата да им понуди функционални и интересни производи на своите потрошувачи, создавајќи незаборавно искуство. Нивниот асортиман вклучува различни категории производи, од домашни декорации до играчки и канцелариски материјал.

Со фокус на создавањето на моменти за паметење без да се оптеретуваат потрошувачите, „Флаинг тајгер Копенхаген“ е посветен на одржливоста и ова е видливо во секојдневното работење и дизајнот на производите.

За групацијата „Балфин“

Основана 1993 година во Виена од Самир Мане, групацијата „Балфин“ денес функционира во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и САД. Со 5.500 вработени и различно инвестиционо портфолио, групацијата работи во области како банкарство, развој на недвижности, малопродажба, управување со средства, туризам, енергетика и други.

Комерцијален текст