Грижа за природата – грижа за себе

Започна „Генералка викенд“, иницијатива која овозможува заедничко чистење на отпадот кој неодговорно се фрла во нашата околина. Илјадници волонтери од различни општини во државата ќе се ангажираат во собирање на сметот. Волонтерите апелираат за колективна одговорност и поголема свест за проблемот со кој се соочуваме – прекрасна природа која е загадена со отпад. Тие кои активно учествуваа во акцијата пратија порака дека здрав живот без чиста животна средина е невозможен.

Додека амбасадорите од странство и претседателката Гордана Сиљановска Давкова останаа до крајот на акцијата за собирање на отпадот околу Скопскиот Аквадукт, министерот за животна средина Изет Меџити си замина рано. Во изминатите пет години, „Генералка викенд“ собра над 1 тон отпад, благодарение на повеќе од 44 000 волонтери. За секои 10 килограми отпад, се засадува едно дрво, и досега се посадени повеќе од 135 000 дрвја. Акцијата ќе трае до недела, а организаторите апелираат традиционалното пролетно чистење на домовите да го примениме и на нашата природа.