На шест часа, почнувајќи од 17:00 часот по македонско време (18:00 по локално време), грчките земјоделци повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони за влез и излез од нашата земја. Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко време, односно до 23:00 часот по македонско време.




