Грчките земјоделци на граничниот премин Евзони и денес, како и во изминатите два дена, го блокираат сообраќајот за сите возила кои влегуваат и излегуваат од Грција. Овие блокади траат од 11 до 15 часот по македонско време (12 до 16 часот по грчко), а потоа повторно од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по грчко време).




