„Граѓаните“ го започнаа финалето на Купот на Лига!

Фудбалерите на Манчестер Сити се на добар пат да го достигнат финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето на гостински терен го совладаа Њукасл со 2:0.

Клучен играч за „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новото засилување од Борнмут, кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.

Во 53-та минута, брзоногиот крилен напаѓач, со асистенција од Бернардо Силва, погоди во мрежата, што веројатно значеше крај на ова полуфинале. Десет минути подоцна, иако Семењо повторно се запиша во листата на стрелците, неговиот гол беше поништен по интервенција на ВАР.

„Граѓаните“ ја потврдија победата со уште еден гол од Рајан Шерки во 99-та минута, што им обезбеди сигурна предност за реваншот на домашен терен.

Реваншот е закажан за 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.

Во другото полуфинале, лондонските ривали Челзи и Арсенал ќе се сретнат, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.