Садик Кан под притисок по блокирањето на договорот со Палантир
Садик Кан е под остри критики откако одлучи да го стопира договорот со вредност од 50 милиони фунти помеѓу Метрополитен полицијата и америчката технолошка компанија Палантир Текнолоджис. Со овој договор, лондонската полиција имаше намера да се користи вештачка интелигенција за побрзо спроведување на криминалистички истраги, но од кабинетот на градоначалникот одлучија постапката да биде запратена.
Луис Мозли, извршниот директор на Палантир за Велика Британија, остро реагираше на овој потег и посочи дека тоа може да биде во корист на криминалците и непријателските држави. „Ако Метрополитен полицијата не ја добие можноста да користи овој софтвер, тоа значи дека нема да може да распореди дополнителни полицајци на терен“, рече Мозли. Тој го обвини Кан дека „ја става политиката пред јавната безбедност“.
Од Канцеларијата на градоначалникот за полиција и криминал, сепак, истакнуваат дека постапката за набавка била проблематична, од причина што Палантир бил единствениот сериозно разгледуван понудувач, а полицијата не ја доставила потребната стратегија за набавка за одобрување. Додатна причина за блокирањето биле високите трошоци на договорот, кои, според градските власти, можеле да создадат „неприфатлив“ притисок врз буџетот.
Палантир, основана од милијардерот Питер Тил, веќе соработува со многу британски институции, но во моментите зад себе носи критики поврзани со прашања на надзор и приватност.




