„Со овој меморандум се потврдува посветеноста на универзитетите кон европската ориентација, како и нивната улога како главни двигатели на знаење, креативност и иновации, при што посебно се нагласува општествената одговорност кон развојот на нашата заедница. Вклучувањето во проектот ‘Скопје 2028’ ќе отвори нови можности за интеграција на културата во образовните и истражувачките програми, поттикнување на креативноста на студентите и младите, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства, како и зголемување на академскaта видливост на европско ниво“, истакнаа од Град Скопје.
Во соопштението се нагласува дека академската заедница „остана посветена на активно, професионално и визионерско учество во реализацијата на проектот ‘Скопје 2028’, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање на одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија“.




