Град Скопје до Славески: Со елеметарното непознавање на законите трајна штета им правите на вашите градоначалници

Продолжуваат препукувањата меѓу Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ откако советникот во Советот на градот од редовите на владејачката партија – Стефан Кирков, ја обвини градоначалничката Данела Арсовска дека не доставила предлог-буџет за 2025 во законскиот рок и дека тоа може да го остави целиот град блокиран.

„Кулминација на незнаењето на Трајко Славески.

Господине Трајко,

Сакајќи кај твојот шеф Мицкоски да се оправдаш за штетата која ја правиш од твоето елеметарно непознавање на законите кои го тангираат градот и општините, не само себеси што се ставаш во незгодна ситуација, туку и трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои иако имаат буџетски календар изгласан од Совет, немаат предлог буџет доставено, а рокот им бил до вчера. (документ во прилог)

Ќе побараш ли од нив одговорност Трајко?

Или да почекаме што стратегија ќе направите да се извадите и од овие глупости во кои сами се вовлековте од незнаење, со единствена цел да наштетите некому а преку тоа на цел град, за ситни политички поени“, порачаа од Град Скопје.