Google ги ажурира правилата за екстензии во Chrome после неодамнешните инциденти со Honey

Минатогодишното откривање на неправилности поврзани со познатата екстензија Honey доведе до измени во програмските политики на продавницата за екстензии за Chrome. Иако случајот со Honey не е конкретно споменат, јасно е дека токму овој познат инцидент ги иницираше овие промени. Со новите правила за партнерски реклами во Chrome Web Store, екстензиите кои се додаваат ќе треба да бидат детално опишани, како во продавницата, така и пред да се инсталираат. Сите партнерски линкови, кодови или колачиња ќе мора да се користат само ако се докаже дека корисникот ќе има директна корист од нив, и строго е нагласено дека сето ова мора да биде со знаење на корисникот.

Компанијата Honey, која во 2020 стана дел од PayPal, се прослави по нивната леснотија во откривањето на попуст кодови, но во претходната година беше откриено дека се обидувале да го зголемат профитот преку злоупотреби. Екстензијата беше „уловена“ како додава свои партнерски линкови непосредно пред купувањето на производите, што резултира со добивање на провизиите, оштетувајќи ги инфлуенсерите и други кои на тој начин ги губат своите провизии. Ова е еден од неколкуте инциденти кои беа разоткриени за Honey, па Google со најновите политики предупреди дека ќе ја отстрани екстензијата од продавницата ако продолжи со вакви практики.