Фото: Shutterstock.com При прегледување на кодот на Google Play Services, поточно APK датотеката, Android Authority открива нова функција на која Google активно работи. Оваа иновација, која долго време им е достапна на корисниците на Apple под името „Hide My Email“, од страна на Google ќе се нарекува „Shielded Email“. Оваа функција овозможува корисниците да создаваат случајни имејл адреси, кои ќе ги користат наместо своите при регистрирање на различни услуги. Овој пристап е одличен за недопуштање на спам пораки кои често настануваат поради регистрирање на сервиси, и служи за зголемување на приватноста и безбедноста на интернет. Главната имејл адреса на корисникот останува заштитена и не се користи за повеќе сервиси, што е корисно при евентуални пробивања на сервиси. Писмата кои се испраќаат на генерираната адреса се пренасочуваат на корисничката основната адреса, но корисникот може во секој момент да го прекине добивањето на пораки на таа адреса.
Фото: Android Authority Според информациите од Android Authority, „Shielded Email“ најверојатно ќе биде вграден како дел од Gboard тастатурата на Google, и се очекува да се најде и други употребни примери. Без разлика што оваа новост сè уште не е активно, времето на нејзиното појавување не е прецизирано. Сепак, според сегашниот развој, изгледа дека има можност да се види уште оваа година.




