Google Chrome со нова функција за автоматско ажурирање на украдени лозинки

Новото ажурирање на Google Chrome има потенцијал да донесе значајни промени во однос на безбедноста на корисничките сметки. Компанијата моментално експериментира со иновација базирана на вештачка интелигенција која наскоро може да биде пуштена во работа и која има за цел да се справи со проблемот на кражби на лозинки. Ова е честа закана со која се соочуваат интернет корисниците, често како резултат на нивно сопствено невнимание. Сфаќајќи ја сериозноста на овој проблем, Google се посвети на изнаоѓање решение кое ќе донесе поголема безбедност на корисниците на интернет. Со новата функција, која сега е во тестна фаза, веб-прелистувачот Google Chrome би можел во иднина самостојно да претпознае компромитирани лозинки од корисничките сметки и да ги замени, спречувајќи ги хакерите од достап до лични информации.

Како ќе работи оваа способност за автоматско идентификување на украдени лозинки? Кога и ако биде имплементирана, оваа функција ќе ги анализира базите на компромитирани лозинки и ќе ги споредува со оние поврзани со корисничките сметки. Потоа, при најавување на одредена страница или апликација, ќе препорача промена на лозинката. Новата лозинка автоматски ќе се складира во Управувачот со лозинки за лесно справување. Според изворот Android Authority, новите лозинки нема да се испраќаат на трети страни, зголемувајќи ја безбедноста на личните податоци.

Иако предупредувањата за компромитирани лозинки веќе постојат, тие се рачно управувани. Во сегашната постоечка форма, кога корисникот се најавува преку Google Chrome, добива известување дека неговата лозинка е откриена во хакерски бази. Сепак, промената на лозинката се врши рачно, и корисникот е оној што треба да ја генерира новата лозинка. Новото ажурирање ќе го олесни овој процес, истовремено зголемувајќи ја безбедноста на корисничките податоци.