Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговори на прашање поставено од пратеник во однос на капиталните инвестиции, особено договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Спомена дека постои значителен интерес од големи финансиски институции за финансирање на проектот за изградба на пругата од коридорот 10, и тоа под услови поволни за нас.
„Сакам да ве информирам за напредокот на овој проект и неговата суштина. Во кратки црти, Обединетото Кралство нуди гарантии пред странските финансиски институции, што ќе ни овозможи да подигнеме кредити за реализација на проектите. Очекувам позитивни изненадувања за граѓаните, а се надевам и за опозицијата, бидејќи не треба да се гради политика на принципот ‘колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ’. Кога е добро за граѓаните, тоа е добро и за опозицијата, бидејќи ова е заеднички интерес. Во однос на изградбата на пругата од коридорот 10, веќе сме во фаза на анализа на добиените финансиски понуди. Добиените понуди од водечки компании од Америка, Франција, Германија, Јапонија, Кореја, Австрија и Велика Британија се важен момент и ние треба да се радуваме, бидејќи станува збор за реномирани компании,“ истакна премиерот Мицкоски.
Тој додаде дека многу банки се заинтересирани да учествуваат во овој проект, сега со услови кои досега не биле присутни во нашата средина. Поради локалните избори, процесите ќе бидат забавени, но формиран е интерсекторски комитет кој ќе ги разгледа понудите. Според Мицкоски, ќе одиме во билатерални преговори, а најдобрите понуди ќе добијат шанса за финансирање на проектот.
„Процедурата не завршува тука. Следниот чекор е избор на компании кои ќе го реализираат проектот, преку принцип на конкурентен дијалог. Наша намера е да бидеме целосно транспарентни и да не криеме ништо од јавноста,“ рече Мицкоски.
Според него, Министерството за здравство ќе побара од Министерството за финансии обезбедување на средства за завршување на клиничката болница во Штип, новата зграда за медицинскиот факултет, студентскиот дом со 200 легла, новата болница во Кичево и реконструкцијата на клиничката болница во Тетово. Очекуваме дека дел од истите компании кои се понудиле за пругата ќе учествуваат и во овој проект,“ додаде Мицкоски.
Во однос на изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште, се разгледува можноста за реализација на проектот преку задолжување од оваа програма, при што ќе биде 100% во државна сопственост или со мобилизација на приватен капитал, за што има интерес од одредени инвеститори.
„Некои компании изразија интерес за формирање на заедничка компанија со ЕСМ, при што ЕСМ би добила удел, но без вклучување на Тиквеш. Се планира Чебрен и Галиште да се изградат со намера да се мобилизира приватен капитал и да се создаде заедничка компанија,“ дополни Мицкоски, нагласувајќи дека активно се работи на вклучување на македонските компании во реализацијата на овие капитални инвестиции.
Двајцата проекти имаат за цел да мобилизираат помеѓу 2 и 2,5 милијарди евра од планираните 6 милијарди, но Владата истовремено внимателно ги анализиради да не се зголеми нето задолжувањето на земјата.




