Голем успех за македонскиот тенис: Лина ја декласираше четвртата носителка во Мелбурн

Најдобрата македонска тенисерка обезбеди пласман во второто коло од квалификациите за Австралија Опен по денешниот убедлив триумф над Синја Краус.
Ѓорческа одигра маестрален меч и со 2:0 во сетови (7:5, 6:0) ја исфрли од турнирот Австријката, која е инаку 105. тенисерка на ВТА и четврта носителка во квалификациите.
Во второто коло, Лина ќе игра против Тамара Зиданшек од Словенија, која е 151-ва во светот, а пред четири години беше во топ 30 и играше полуфинале на Роланд Гарос.