Гого Славески триумфираше во BKFC со единствени патики создадени од македонскиот бренд RVR Brand (ФОТО)

Гого Славески победи во BKFC со уникатни боксерски патики

Станува збор за специјално изработени боксерски патики од Rudis International, кои првпат добија целосен дизајн создаден од RVR Brand. Идејата зад проектот „Тивко е на ножот“ е иницирана од Гого Славески, а концептот бил развиван повеќе од месец и половина пред настапот.

Дизајнот ги спојува симболите на македонската историја и традиција, вклучувајќи го црвено-црното знаме, ножот, пораката „Слобода или смрт“ и автентичниот македонски народен вез. Композицијата е надополнета со црвени и црни градиенти, што симболизира борбеноста, страста и непокорот на македонскиот шампион.

Проектот претставуваше вистински предизвик за тимот на RVR Brand. Патиките пристигнаа во последен момент поради доцнење во транспортот и дополнителни царински процедури, по што целиот дизајн беше реализиран за само еден ден. Материјалот, micro-suede, бараше особена техника и прецизност при рачното исцртување.

„Ова беше еден од најсложените проекти на кои сме работеле досега. Имавме само неколку часа да ја осъществиме нашата визија, но благодарение на добрата подготвеност и одличната соработка со Гого, успеавме да создадеме нешто навистина уникатно,“ велат од RVR Brand.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со измислување на непостоечки финансиски проблеми и да им се извини на граѓаните за оставените последици.

Уникатните патеки првпат се појавија на последната борба на Славески, во која македонскиот борец оствари значајна победа против канадскиот противник Џони Тељо. По пет жестоки рунди и неколку нокдауни, Славески победи со едногласна одлука на судиите, бележејќи ја својата осма победа во деветтата борба во кариерата во BKFC.

Од RVR Brand најавуваат дека ова е само почеток на соработката со Гого Славески, и дека во иднина јавноста ќе може да види уште неколку ексклузивни модели создадени специјално за македонскиот шампион.

„Гого гордо ја претставува Македонија на светската сцена, а нашата цел беше преку овие патеки да создадеме дизајн кој раскажува приказна за идентитет, традиција, борба и победа,“ изјавуваат од RVR Brand.