Глупава грешка на пилотот принудно приземјила авион со 326 патници и довела до промена на прописите

Авион со 326 патници морал принудно да слета на пола пат од Франкфурт до Канкун (Мексико), откако „врела течност предизвикала силен мирис на гopeње и чад“, како што се вели во соопштението на Агенцијата за истражување на воздухопловни нecpeќи (AAIB).

Авионот, марка Airbus A330-243, морал принудно да слета во Шенон, Ирска, откако на пилотот му се истурило врело кафе врз контролната табла на кокпитот. За тоа самиот бил виновен, бидејќи чашата со кафето ја оставил без поклопец и не на наменетото место – држачот за кафе, се разбира.

Инцидентот се случил во февруари, но токму поради оваа случка биле променети прописите за безбедност на летот – новите пропишуваат да бидат обезбедени чаши со капаци на сите летови, а од пилотите се бара строго да ги почитуваат правилата и истите прописно да ги употребуваат.

Прочитајте и:  Енормно поскапување на цената на кафетo на глобално ниво

AAIB не открива за која компанија се работи.

 

- Реклама -