Темата за оваа година беше „Маска“ и истовремено се одржа во 132 земји ширум светот, со учество на над 474,517 учесници, а беа создадени над 101,246 игри.
Глобалниот Гејм Џем се одржува секоја година на последниот викенд во јануари и претставува најголем двигател во индустријата на игри во Македонија.


Наградите беа доделени во форма на тастатури, мауси, графички табле и звучни карти на следните тимови – игри:
🏆 Најдобра игра на GGJ26Skopje: CBT – SAM
⚙️ Награда за „Епско кодирање“: The Unfortunate 7 – Dalewood’s Masquedare
🎨 Награда за „Пиксел перфект изведба“: Elon Mask – Mask of Life
🎸 Награда „Мик Гордон“ за гејм-џем саундтрак: Team Nespieny – Disguised Gladiators
🛹 Најдобра друштвена игра: Luku Kroko – Warmask
🌱 Надежни џемери: Lab Rats – Masked Descent

Глобалниот Гејм Џем е најголемиот светски настан за создавање видеоигри – тридневен предизвик каде учесниците од сите краеви на светот работат на нови идеи за игри. Целта е да се поттикне креативноста, соработката и иновативноста, овозможувајќи им на учесниците да разменуваат знаења и вештини.




