Оваа иницијатива, како што се наведува во соопштението, претставува израз на посветеност на општината за препознавање, поддршка и наградување на трудот и знаењето кај младите. Општината има за цел да создаде средина во која успехот ќе се вреднува и учениците ќе бидат мотивирани да продолжат да учат и да се развиваат. Во соопштението се акцентира дека Општина Кисела Вода, преку вакви проекти, ја исполнива својата мисија да гради поттикнувачка околина, во која секое дете ќе добие шанса за напредување и афирмација, препознавајќи го образованието како основен фактор за индивидуален и општествен развој.
„Како општина, работиме на изградба на систем кој ги поддржува младите и им овозможува да се стремат кон повисоки цели. Оваа активност не само што ја изразува нашата честитка за извонредните успеси на овие млади луѓе, туку и испраќа порака до сите ученици дека нивниот труд, знаење и упорност секогаш ќе бидат вреднувани. Ние остануваме посветени на создавање услови во кои секое дете ќе има можност да напредува, да се развива и да го остварува својот потенцијал. Горди сме што во Кисела Вода се развиваат генерации со големи можности“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.