Ѓоргиевски: Завршна фаза на изградба на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

„Делата говорат. Скопје не смее да чека. Скопје мора да се развива – посветено и со визија. Она што со години било запоставувано и криено, денес се решава темелно и одговорно“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Реконструкцијата опфаќа нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во моментов интензивно се асфалтираат тротоарите. Во должина од еден километар се поставуваат нови тротоари, се инсталира современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација.

„Од наредната недела, жителите на Аеродром ќе возат по нова, современа и безбедна улица. За само три месеци откако го презедов градоначалничкото место, покажавме дека кога се работи со срце, визија и чесна намера – резултатите се видливи. Не ветивме чуда, туку напорна работа. И работиме“, напиша Ѓорѓиевски.

Прочитајте и:  Бронзата ѝ донесе на Англија над 25 милиони евра

Ѓорѓиевски истакнува дека ова е само почеток и најавува дека следната етапа ќе биде најголемата инфраструктурна обнова досега.

„Ќе работиме рамномерно во секој дел на Скопје. Затоа што секој граѓанин заслужува иста важност, иста шанса и ист квалитет на живот. Мојот народ го заслужува најдоброто“, заклучи Ѓорѓиевски.