Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиството на Вања и Панче со сведочење на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој одговараше на вкрстени прашања од обвинителката, преку кои таа го испитуваше во однос на неговиот живот, исчезнувањето на Вања и потрагата по неа.
Во своите одговори, Ѓорѓевски повторно потврди дека не го познава Љупчо Палевски лично, туку разбрал за него кога бил актуелен објектот Тифани. Тој потврди дека бил зависник на наркотична дрога хероин, за која, како што рече, ја консумирал назално.
-Да, кажав, во периодот неспорно е дека сум бил зависник, сите мои колеги и пријатели го знаеја тоа, а супстанцата беше хероин, која што ја консумирав назално, никогаш не сум употребувал шприцови и не сум бил екстремен зависник, рече Ѓорчевски.
Прашан за одлуката да остане дома и да ги чува децата, односно на конкретното прашање „Одлучивте да не работите и покрај тоа што децата можеле да одат во градинка и двете баби можеле да помагаат? Вие решивте да немате неколку години никаков финансиски придонес кон семејството и да живеете на платата од Зорица?“, одговори дека воопшто не е така.
– Не, воопшто не сте во право, не е така, додека беше Зорица трудна, немаше никакви приходи, живеевме од мои заштедени средства, имавме доста пари од свадбата во вид на подароци, имав поддршка од татко ми, а што се однесува во однос на бабите, мајка ѝ на Зорица инсистираше да земеме жена како испомош а таа и мајка ми воопшто да не се мешаат во воспитувањето на децата. Имавме еден неуспешен обид, земавме жена додека беа уште малечки, ја фативме како на Миња ѝ даде некои средства за спиење за да седи мирна, од тие причини решивме да не бараме друга жена за чување. Се обидовме и со градинка, ги запишавме двете, една недела одеа во градинка, потоа две недели дома беа болни и од тие причини решивме да останам дома, јас да ги чувам и одгледувам, затоа што Зорица имаше поголема плата од мене и беше пологично јас да останам дома, образложи тој.
На прашањето – Дали е нормално да не работите и ви беше сеедно дали ќе земате и вие плата или не?, одговори дека не било нормално, но, бил принуден.
-Не било нормално, јас бев принуден, немаше кој. Не знаев колку време ќе трае тоа мое отсуство од работа, се надевавме дека колку е можно побрзо ќе се вратам на работа бидејќи во моментот ми беа отворени врати вода ве фирми и во секој момент можев да се вратам на работа, рече Ѓорчевски.
Обвинителката потоа го праша за наводите дека тој се познавал со сопственикот на фирмата во која работел, Трифун Костовски, кој, како што рече обвинителката, јавно изјавил во медиумите дека „сте работеле кај него и дека за вашиот татко има само пофални зборови, а за вас не може да каже нешто позитивно и не сака да коментира“?
– Не сум слушнал за таква изјава од господинот Трифун Костовски кој го знам од мали нозе, дури и тенис имаме играно заедно, додека беа претставници со татко ми во Полска. Костовски не ми беше директно надреден, имаше многу раководни структури помеѓу мене и него кои што ја оценувале мојата работа и придонес кон фирмата. А лично од Трифун Костовски сум слушнал само пофалби за тоа што сум го направил. Телевизија не гледам токму од тие причини, затоа што семејството ми кажа дека сѐ и сешто се зборува и се однесува со неистражени информации, се шпекулира и манипулира, рече Ѓорчевски.
Беше прашан и за неговиот успех во основно, со забелешка дека немал добар успех.
Повеќе тука