Ѓоковиќ донесе одлука – нема да настапи на теренот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ планира да го искористи денот пред финалето на Австралија опен во Мелбурн за одмор. По напорниот полуфинален натпревар со Синер, кој заврши околу два часот по полноќ и траеше 4,5 часа, ѓоковиќ изјави дека не планира да тренира.

„Ова ќе биде време за закрепнување. Во сабота сигурно нема да тренирам. Можеби ќе имам активно закрепнување. Имам свој протокол и ќе го следам оној распоред“, нагласи Ѓоковиќ.

Во однос на својот противник во финалето, Карлос Алкараз, десеткратниот шампион на Австралија опен истакна:

„Го победив лани тука во исцрпувачки дуел. Ќе видиме колку и двајцата ќе бидеме одморени, иако тој имаше тежок полуфинален меч. Но, е 15-16 години помлад, па од биолошка гледна точка неговото закрепнување би требало да биде полесно.“

Машкото финале на Австралија опен е закажано за недела наутро во 9.30 часот по македонско време.