Германски министер: Велигденските маршеви треба да бидат против војната во Украина

Берлин, 16 април 2022 (МИА) – Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека велигденските маршеви што денеска се одржуваат во неколку градови треба да го покажат нивното противење на војната во Украина.

„Може и ќе има мир само ако (рускиот претседател Владимир) Путин ја прекине неговата воена агресија“, изјави политичарот на Зелените за весниците на медиумската група „Функе“.

„Значи, на велигденските маршеви треба да биде јасно дека тие се насочени против војната на Путин“, рече тој.

Според него, пацифизмот е „далечен сон“ во моментов.

Мировни активисти за денеска планираат велигденски маршеви во неколку германски градови. Освен војната во Украина, друга главна тема се очекува да биде масовното превооружување на германската војска, јави ДПА.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна
- Реклама -