Аурелио Де Лаурентис, сопственикот на Наполи, кој полни 76 години, во едно неодамнешно интервју изрази радикални идеи за модернизација на фудбалот. Според него, треба да се стави акцент на младата публика.
„Фудбалот ќе ја изгуби помладата генерација. Натпреварите траат премногу долго, а децата не можат да се концентрираат на 90 минути игра“, нагласи Де Лаурентис, продолжувајќи: „Што е со таа бесмислена пауза од 15 минути на полувремето? Дали мислите дека мојот шестгодишен внук, кој знае сè за фудбалот преку PlayStation, ќе се врати по 15 минути? Никогаш! Тој ќе избега во својата соба и ќе игра ФИФА.“
Неговото решение е драстично. „Би го скратил полувремето од 45 на 25 минути“, истакна тој, додавајќи дека ќе се мери само времето кога топката е во игра, со цел да се спречи „крадењето на времето“.
„Не можеш да се тркалаш по теренот како актер. Аххх! Тоа не е можно! Што друго да направам? Ќе ги укинувам црвените и жолтите картони. Наместо тоа, за жолт картон ќе излегуваш пет минути, а за црвен – 20 минути.“
Главната цел на овие промени е да се создаде поатрактивна игра со повеќе голови. „Има премалку голови, играта не е спектакуларна. Мора да се зголеми бројот на головите, а за тоа потребно е да ги промениме правилата. Не можеш да поништиш гол само поради неколку милиметри. Правилото за офсајд мора да се промени, доста е. Новите генерации се наше злато. Ако не ги задоволиме, ќе се замолиме“, заклучи Де Лаурентис.



