Спикерот Африм Гаши одговори на критиките дека Законодавниот дом функционира само како механизам за усвојување закони. „Во јануари ќе имаме утврден календар за работа, и мора да се стави крај на перцепцијата дека Собранието е само гласачка машина за закони“, изјави Гаши во интервју за МИА. Според него, постои недостаток на квалитет и добра култура во соработката помеѓу институциите, ресорите и службите кои работат во министерствата, но и во самиот Законодавен дом.




