Светот на технологијата никогаш не бил толку стилски. Новата генерација на преклопни уреди од Samsung, Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, ја претвора секојдневната рутина во искуство што инспирира. Со совршен баланс помеѓу естетика и иновација, тие се создадени за оние што го ценат и изгледот и функцијата.
Galaxy Z Fold7 – секој ден со сила на професионалец

Galaxy Z Fold7 е создаден за оние што секогаш се во движење, но никогаш не се подготвени да направат компромис со ефикасноста. Кога ќе го отворите, 8-инчниот Dynamic AMOLED 2X екран се претвора во ваш личен канцелариски простор – совршен за работа, преглед на документи, видео состаноци или мултитаскинг со интегрираните Galaxy AI функции кои преведуваат, резимираат, пишуваат пораки и ве разбираат со неверојатна точност . Сè се одвива мазно, брзо и елегантно благодарение на новиот процесор и One UI 8 интерфејсот што ја прилагодува работната површина на вашите навики. Тука е и вашата „десна рака“ – паметниот четбот Google AI Pro и личен асистент кој е од неизмерна помош при секојдневната работа и извршување на задачите, персонализиран според вас. Fold7 е создаден за моментите кога треба да донесете голема одлука – сигурен, стабилен и секогаш подготвен за успех.

Galaxy Z Flip7 – креативноста има свој облик
Galaxy Z Flip7 е за оние што веруваат дека стилот и технологијата треба да одат рака под рака. Со елегантен, тенок и компактен дизајн, тој е моден детал што секогаш привлекува внимание. Неговата камера со FlexCam технологија овозможува снимање од секој агол – совршено за креативни фотографии, видео блогови или спонтани моменти кои заслужуваат да бидат запаметени.
Благодарение на Galaxy AI, секоја фотографија може да биде подобрена, уредена и споделена со само неколку допири. Flip7 е инспирација – уред за оние што сакаат да создаваат, да се изразат и да го живеат животот со стил.

Интелигентен екосистем што живее со вас
Со добро познатата апликација SmartThings, Galaxy уредите стануваат дел од вашиот дом. Контролирајте светла, температура и уреди директно од вашиот Fold7, Flip7 или пак од вашиот зглоб со часовникот Galaxy Watch8. One UI 8 го прави користењето едноставно и природно, додека Samsung Knox ви дава чувство на целосна сигурност – секој податок е заштитен, без компромис.
Try Galaxy – доживејте го Galaxy светот
Новата апликација Try Galaxy овозможува да го искусите AI универзумот на Samsung, со функции како Live Translate, Chat Assist и Photo Assist – дури и ако немате Galaxy уред. Само симнете ја апликацијата на вашиот постоечки смартфон и искусете како изгледа паметна технологија што навистина ве разбира.

Galaxy Watch8 – елеганција што пулсира со вашиот ритам
Завршете ја Galaxy приказната со Galaxy Watch8 и Watch8 Classic – часовници кои го спојуваат стилот, здравјето и технологијата. Следете го спиењето, пулсот и активностите, добијте AI совети за подобар баланс и управувајте со паметниот дом директно од зглобот. Современи, софистицирани и моќни – тие се вистинскиот придружник на Galaxy Z Fold7 и Flip7 во вашето секојдневие.
Понуда која не смеете да ја пропуштите: Купете телефон на преклоп и добијте уште еден Galaxy – подарок што инспирира!
Во ограничен промотивен период – до 31 октомври, Samsung ви нуди промоција што не се пропушта! Со секој купен Galaxy Z Fold7 или Galaxy Z Flip7, како и уредите од серијата Galaxy S25 – S25, S25+, S25 Edge или S25 Ultra – добивате гратис Galaxy S25 FE!
Совршен подарок за вас или некој близок – уште една причина повеќе да станете дел од светот на иновацијата, стилот и интелигентната технологија што само Samsung може да ја понуди.




