ГАК за смртта на родилката: За третманот на пациентката беа применети сите современи лекови и иследувања

На 27 февруари 2026 година, во Клиниката за гинекологија и акушерство, се породила 34-годишна пациентка со висок ризик во 38-та неделa од бременоста. Породителниот процес заврши со царски рез, поради три претходно извршени царски реза, што резултираше во четврт царски рез. На мајката ѝ беа објаснети сите ризици поврзани со возможна идна бременост.

Операцијата помина без компликации и со редовен оперативен тек.

По завршувањето на оперативниот зафат, пациентката беше префрлена на Оделението за постоперативна интензивна нега. Во текот на престојот на интензивната нега, се пожали на силна болка во градниот кош, по што веднаш беше повикан анестезиолог. Сетото анестезиолошки тим спроведе реанимација, вклучувајќи срцево-белодробна и мозочна реанимација, и успеаја да ги вратат сите витални знаци на пациентката.

После успешната реанимација, таа беше преместена во одделението за интензивна нега и реанимација, каде ѝ беше поставена механичка вентилација и спроведен инвазивен и неинвазивен мониторинг на кардијалната функција. Во текот на нејзиниот престој, беа повикани кардиолог и невролог за дополнителна процена.

На пациентката ѝ беше направено ЕКГ, ехо на срце, РТГ пулмо, а на секои два часа беа изведувани биохемиски лабораториски анализи. Редовно се контролираше ацид-базниот статус и коагулационите фактори во спогодба со трансфузиолог. За третманот беа примени сите современи лекови и испитувања. Применети беа сите потребни деривати со цел стабилизирање на состојбата, но за жал, на 1 март 2026 година, пациентката почина во интензивната нега. Телото е предадено на обдукција, а Клиниката ќе се произнесе за официјалната причина за смртта по пристигнувањето на патохистолошкиот извештај.

Случајот беше разгледан од Комисијата за контрола на квалитет и унапредување на здравствената услуга на ГАК.

Клиниката изразува сочувство до семејството и длабоко жалење поради загубата на еден млад живот.