ФЗО работи на ревизија на критериумите за боледување

Тој истакна дека е присутен значителен број злоупотреби на боледувањата.

„Изморени сме од постојаните контроли што ги бараат компаниите или установите за проверка на боледувањата“, дополнува Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот помеѓу Фондот за здравствено осигурување и Природно-математичкиот факултет. Со овој договор, лабораторијата за молекуларна биологија и геномика ќе започне со изведување на најновите молекуларно-дијагностички процедури, вклучувајќи ги и генетските анализи за онколошките заболувања.