Фудбалерките на Скопје со убедлива игра до шампионскиот трофеј

На крајот од фудбалската сезона во женската конкуренција, беа доделени трофеите за најдобрите тимови. Шампионската титула во Женската фудбалска лига (ЖФЛ) ја освои ЖФК Скопје, кој заврши со 69 бода, со 12 поени предност пред својот најблизок ривал, ЖФК Тиверија Брера.

Елитното фудбалско друштво го напушта Топ Гол, а од следната сезона ЖФК Конзули од Битола ќе биде новиот учесник во Првата лига.

За последното место во ЖФЛ, утре на стадионот во Ѓорче Петров, ќе се сретнат ЖФК Кочани и ЖФК Билјанини Извори во решавачкиот бараж.

Најефикасна фудбалерка во оваа сезона беше Ана Димитровска од ЖФК Каменица Саса, која постигна 35 голови, за 12 повеќе од Радица Чонева од ЖФК Истатов. Третото место на листата на стрелци му припаѓа на Рабија Дервиши од ЖФК Скопје со 20 постигнати гола.

Прочитајте и:  Скопје меѓу најдобрите светски градови за самостојни туристи

Скопје ја потврди својата доминација во македонскиот женски фудбал со освојување на шампионските титули и во младинска и во кадетска конкуренција.