Фудбалерите во Скопје пристигнуваат со нов авион во 20:00 часот

Експедицијата на фудбалската репрезентација на Македонија, која денеска се обидува да се врати од гостувањето во Истанбул, се очекува да пристигне во Скопје околу 20:00 часот.

Според последните информации од Турција, нашиот национален тим се соочи со проблеми поради неисправност на чартер авионот. Во текот на попладневните часови, екипата веќе направи обид за полетување, но техничките проблеми го принудија леталото да се врати назад на аеродромот.

Сега, со нов авион, фудбалерите на Македонија ќе можат конечно да се вратат дома вечерва околу 20:00 часот.

Прочитајте и:  Бруно Фернандеш: Чест е што повторно настапуваме со Роналдо на Светското првенство