„Франшизата постави рекорд, Оклахома се избори за полуфинале во НБА купот“

Кошаркарскиот тим на Оклахома забележа импресивна победа против Феникс Санс со резултат 138:89, остварувајќи ја 24. победа во 25-от натпревар од сезонава и обезбедувајќи си место во полуфиналето на НБА Купот.

Шеј Гилџис-Александер и тимот за продолжуваат да изненадуваат – синоќа остварија постигнување кое не е видено откако тоа го направија Голден Стејт Вориорс во сезоната 2015-2016.

Се стартуваа со извонреден резултат од 24-1, станувајќи само вториот тим во историјата со ваков перформанс.

Тандер ја демонстрираа својата доминација на теренот, декласирајќи ги Феникс со разлика од 49 поени и со стил се пласираа во полуфиналето на НБА Купот, кое се одржува во Лас Вегас.

Под водство на Марк Дагнолт, тимот овој година ги победи ривалите со просечна разлика од 17,4 поени, што е речиси пет поени повеќе од претходната сезона. Нивната сила изгледа уште впечатливо, со зголемена моќ и доминантност.

Актуелните шампиони постигнаа 16 последователни победи, што е нов рекорд за франшизата.

Во новиот триумф, актуелниот МВП, Гилџис-Александер, беше најефикасен со 28 поени (3/4 за тројки), додека Чет Холмгрен додаде 24 поени, Џејлен Вилијамс 15, а Лу Дорт 12 поени…