Франција покрена истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација започна истрага против Килијан Мбапе, поради сомнителни плаќања кон петмина обезбедувачи, кои се задолжени за безбедноста на членовите на тимот.

„Истрагата е во тек. Поради комплицираната природа на финансиските трансакции, потребно е дополнително да се утврди дали се извршени кривични дела“, изјави обвинителството.

Тимот на Мбапе исто така испрати одговор во кој тврди дека сите активности се спроведени во согласност со важечките правила и дека немало никакви нечесни практики.