Граѓаните на мирниот протест бараат правда за сите жртви од сообраќајни незгоди. На булеварот се собраа многу млади, но и повозрасни граѓани кои бараат да се расчисти овој случај
Стотици граѓани денеска се собраа на протест по повод прерано згаснатиот живот на младата Фросина од Неготино која беше прегазена додека поминувала пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на пекарницата „Силбо“.
Граѓани во колона чекаа ред за да запалат свеќи пред фотографијата на Фросина.
Дел од нив со транспаренти во рацете испратија пораки до властите: „Не е кобно местово, туку луѓето и системот“; „Не е несреќа, туку убиство“; „Обвинители = соучесници убијци“; „Врските не враќаат човечки живот“.
Граѓаните на мирниот протест бараат правда за сите жртви од сообраќајни незгоди. На булеварот се собраа многу млади, но и повозрасни граѓани кои бараат да се расчисти овој случај.
Тие бараат зголемено полициско присуство на улиците, да се вратат позорникарите и да се казнат виновниците за овој случај – од обвинетиот до обвинителите и судиите кои го ослободувале младиот возач за претходните дела.
Изјавите и реакциите од студентските организации и од дел од граѓаните погледнете ги во продолжение:
Против возачот што пред два дена смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, на 30 март минатата година била поднесена кривична пријава од страна на МВР поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје уште истиот ден повело истрага и побарало притвор против момчето.
На органите на прогонот им станал достапен на 2 април и веднаш почнал да го издржува притворот, информираат денеска од ОЈО Скопје додавајќи дека по завршување на истрагата на 21 мај е поднесен обвинителен акт против момчето и е побарано продолжување на притворот.
Против момчето била поднесена кривична пријава и на 1 февруари 2023 година за сообраќајна несреќа која се случила на 4 ноември 2022 година во која едно лице било полесно повредено.
Линк до останатите ВИДЕА