(Фото) Свлечиште на патот Зелениково–Орешани – повик за внимателно возење

На патот помеѓу селата Зелениково и Орешани е забележано свлечиште кое претставува сериозна закана за сите учесници во сообраќајот. Дел од коловозот е покриен со земја и камења, што значително го комплицира движењето. Од Општина Зелениково упатуваат апел до сите возачи да се движат со особено внимание на овој дел од патот. Ве молиме прилагодете ја брзината според условите и почитувајте ја сигнализацијата, како и избегнувајте претекнување.

Прочитајте и:  Шпанија и Аргентина во борба за титулата светски шампион