(Фото) Саит Саитов ги отстрани доказите за брзото возење објавени на Инстаграм и го смени името на својот профил.

Само 48 минути по објавата на „Скопје1“, во која беше истакнато дека Саит Саитов делел видеа од своето опасно и брзо возење без возачка дозвола на Инстаграм, на неговиот профил се случија неколку значајни промени. Саитов ги избриша сите претходно објавени сторија, го смени описот на профилот, а потоа и корисничкото име. Новото име со кое што се појавува на мрежата е „1737dhxhahdhx“. Овие чекори доаѓаат во времето по медиумските извештаи, кои укажаа на тоа дека тој јавно се фалел со своето ризично возење, што дополнително отвори прашања за неговото однесување во сообраќајот.

Прочитајте и:  Денес прославуваме роденден на нашата позната актерка Јасмина Поповска.