Денес, на 1 мај 2026 година, во 14:25 часот, во селото Ангелци дошло до избувнување на пожар во помошен објект. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Струмица реагирале веднаш со едно противпожарно возило и пет пожарникари-спасители. Благодарение на брзата интервенција, пожарот бил ставен под контрола и целосно изгаснат за кратко време, спречувајќи појавување на поголеми штети и распространување на огнената стихија. Од надлежните служби упатуваат апел до граѓаните да известуваат за пожар или друга природна непогода на единствениот број за итни случаи 112 или на 193.




