(Фото) Аца Лукас тврди дека по настапот ноќеска се обиделе да го убиjaт: Тешко се извлековме живи

Српскиот пејач Аца Лукас објави на своите социјални мрежи дека вчера бил цел на обид за убиство по неговиот настап на Јахорина во Босна и Херцеговина. Тој заедно со својот возач, како што наведува, само со среќа избегнал смрт.

Во својата објава, Лукас сподели дека нападот се случил ноќеска, веднаш по неговиот настап, и дека двајцата “едвај успеале да избегаат со живи глави”. Тој истакна дека обидот за убиство бил организиран “по налог на Недељко Елек”, но не откри дополнителни информации за причините или за лицата инволвирани во инцидентот.

„По настапот на Јахорина, се обидоа да ме убијат мене и мојот возач. Едвај се спасивме. Тоа беше по налог на Недељко Елек“, напиша Лукас, најавувајќи дека ќе даде повеќе детали на press конференција.

Прочитајте и:  Мбапе се огласи по повредата против Мароко: „Се чувствувам добро“

Досега нема официјални потврди од надлежните органи, ниту информации за тоа дали случајот е пријавен во полицијата. Институциите во Босна и Херцеговина се уште не се огласиле во врска со неговите обвинувања, а не е познато дали е започната истрага. Јавноста очекува дополнителни појаснувања од самиот пејач, како и официјален став од безбедносните служби, особено поради сериозноста на обвинувањата.