ФК Вардар добива значаен спонзор со искуство во Хрватска, Унгарија и Романија.

Македонскиот фудбалски клуб Вардар конечно ги постави темелите на стабилно функционирање. Откако новото управно тело ги среди сите финансиски обврски, започнаа со подготовките за буџетирање на идните сезони.

Извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, веќе информираше дека Вардар планира да работи со буџет од 3,5 милиони евра. Освен тоа, клубот наскоро ќе добие значаен спонзор, кој веќе поддржува клубови од Романија, Бугарија, Хрватска и Унгарија.

Подготвителните активности за новата сезона се интензивни, а Вардар со нетрпение очекува да се врати на меѓународната сцена. Со освојувањето на Купот на Македонија, црвено-црните обезбедија учество во Конференциската лига, каде во првото коло ќе се соочат со Ла Фиорита од Сан Марино. Првиот натпревар е закажан за 10 јули на домашен терен, додека реваншот ќе се одигра на гостински терен.