Фиорентина во колапс: Играчите изолирани во карантин

Фиорентина се наоѓа во еден од најтешките периоди во својата историја, а напнатоста во клубот е на работ на ескалација. „Виола“, по 15 одиграни натпревари, сè уште не забележуваат ниту една победа во Серија А. Со само шест бода, тимот се искачил на последната позиција на табелата.

Во неделата, Фиорентина доживеа пораз на домашен терен против Верона (1:2). Ова е деветиот пораз за сезоната, по кој клупските челници реагираа со драстични мерки, што јасно сигнализира дека ситуацијата е сериозна.

Според написите на „Газета дело Спорт“, клубот воведе режим на целосна медиумска тишина и го испрати тимот во карантин во „Виола Парк“.

Нема изјави, нема официјални обраќања, ниту објаснувања за навивачите. Фудбалерите веднаш по завршувањето на натпреварот со Верона биле префрлени од стадионот во тренинг центарот, во придружба на полицијата.

Полицијата интервенирала поради страв од можни инциденти, иако немаше поголеми немири. Сепак, гневот на навивачите беше силен и недвосмислен.

Незадоволството беше јасно видливо на стадионот „Артемио Франки“ по поразот од Верона. Свирежи, навреди и незадоволство ги следеа играчите, кои останале на теренот со наведнати глави.

Тимот ќе остане во карантин до понатамошно известување, а постои можност мерката да трае и во следните денови. Во среда, се планира патување во Лозана, каде што Фиорентина ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Конференциската лига.

По лошите резултати, несигурна е и иднината на тренерот Паоло Ваноли, кој пред еден месец го замени Стефано Пиоли.

Италијанските медии не ја исклучуваат можноста клубот во јануари да преземе драстични мерки, што може да значи отпуштање не само на тренерот, туку и на неколку фудбалери.

Foto/ depositphotos