Интересот за проучување и анализа на македонската детска книжевност расте на Одделот за славистика при Филозофскиот факултет во Љубљана. Овие денови, факултетот е целосно фокусиран на македонскиот јазик, книжевноста и културата. Неполни месец по успешната одбрана на докторската дисертација, која се занимава со заемното културно посредување меѓу словенечката и македонската детска книжевност, се забележува пораст на активностите и интересот во оваа област.




