Снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ наскоро ќе продолжи

Продолжува емитувањето на популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Според српските медиуми, новите епизоди се веќе закажани за снимање. По тринеделна пауза, жирито и целата екипа од продукцијата на Гранд ќе се вратат во студиото на 24 март, понеделник, за да ја продолжат музичката битка.

По заминувањето на креативниот директор и креаторот на натпреварот, Саша Поповиќ, забавната индустрија беше потресена. Многу пејачи ги откажаа своите концерти и настапи во знак на почит. Поповиќ почина на 1 март 2025 година, а беше погребан на 6 март на гробиштата Нови Бежанија. На неговиот погреб присуствуваа големи музички имиња како Цеца Ражнатовиќ, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута и други членови на жирито на Гранд. Беа присутни и поранешни членови на жирито, како и бројни ѕвезди од Гранд, освен Дарко Филиповиќ, кој поради далечина и неможност за промена на летот, не можеше да присуствува.

Минатиот мај, Саша имаше несреќа со ногата, што го натера да оди на лекар. При тој преглед, се пожалил на стомачни болки, кои открија сериозни проблеми. Од тој момент, тој вложи сѐ за да се избори со болеста, лекувајќи се во Париз на најсовремена клиника. Но, по девет месеци борба, на 1 март 2025 година, ја загуби најголемата битка во животот.