Во државата во моментот има 18 позитивни на коронавирус , од кои шестмина од вчера.Министерот за здравство Филипче рече дека пациентите на Инфективната клиника , сите 15 се во стабилна состојба .
Во државата во моментот има вкупно 14 позитивни на коронавирус , од кои шестмина од вчера. Тринаесетте пациенти што се сместени на Инфективната клиника во Скопје се во стабилна состојба, а само една пациентка од Дебар е на респираторна машина со непредвидлива прогноза, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за состојбата со коронавирусот во земјава.
„Во текот на денот добивме седум нови материјали на лица од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид“, рече министерот. „Дел од нив се вратени од Швајцарија и Германија и развиле висока температура и веќе се во одделите за изолација. Во текот на денот ќе бидат готови резултатите. Меѓу нив се две бремени жени, една е од Дебар и е пренесена во Охрид, а една е во Скопје. Тие се во стабилна состојба.“ рече министерот за здравство Филипче.
Тој рече и дека на клиниките ќе се третираат само итни случаи, а прегледите на хронично болните се одложуваат.
Министерот изјави дека Детската болница во Козе ќе биде спремна да прими евентуални деца заразени со коронавирус, за децата да бидат изолирани од возрасните, доколку има таков случај.
Извор МКД