Денес, по прес-конференцијата на премиерот Мицкоски, на која беа најавени мерки за ублажување на последиците од зголемувањето на цените на горивата и го обелодени намалувањето на ДДВ-то за горивата, пред новинарите излезе и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој изрази сомневање во ефективноста на владините мерки, истакнувајќи дека тие се само фрлање магла и замајување на јавноста.
„Сметам дека од мерката утре не можеме да очекуваме ништо видливо. Ќе следува нова пресметка на цените. Во други земји веќе забранија точење гориво на странци на пограничните пумпи, додека во нашата земја средства од буџетот заминуваат за граѓаните од соседните држави. Овие не се вистински економски политики. Премиерот не треба да ги повикува луѓето од странство да доаѓаат да точат гориво во Македонија“, порача Филипче.
Мицкоски, пак, изнесе обвинувања дека претходната влада молела за донации на вакцини за време на ковид-кризата. Филипче му одговори дека во тој период цел свет имал проблеми: „Христијане, ние не клечевме на колена како тебе, молејќи за власт и ветувајќи дека ќе го вратиш името“, заклучи Филипче.




