Филип Фидановски изложува во Уметничката галерија АМАМ во Гевгелија.

Вечерва, во 19:00 часот, во уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија ќе се отвори изложбата на познатиот македонски керамичар Филип Фидановски со наслов „Современа традиција”. Оваа изложба комбинира елементи на традиционалната македонска грнчарија со современ визуелен израз кој го креира самиот уметник. Насочена е кон зачувувањето на стариот грнчарски занает, кој е во опасност од исчезнување, и го демонстрира талентот на авторот преку неговата сликарска техника во керамиката, што претставува уникатна дисциплина во светот на керамичката уметност. Изложбата е дел од активностите на Гевгелија како Град на културата за 2025 година. Специјален гостин на настанот ќе биде Марјана Костојчиноска Узунчева.