Фицо нема да се појави на судењето на неговиот напаѓач

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска најави дека нема да присуствува на судењето за обидот за негово убиство и истакна дека му простил на напаѓачот, пренесува словачката агенција ТАСР.

Фицо го опиша сторителот како активист од опозицијата и нагласи дека медиумите и опозициските партии поттикнуваат омраза, поради што се плаши од нов напад.

„Не сум учествувал активно во истрагата и нема да го сторам тоа ни за време на судењето. Ме застапува мојот адвокат, Дејвид Линднер, и верувам дека не ќе биде потребно да бидам испрашуван, бидејќи судот ја прифати видео-снимката од моето испрашување како доказ“, изјави премиерот, додавајќи дека не се чувствува трауматизирано од инцидентот и продолжува со своите обврски со цялосна посветеност.

Прочитајте и:  Мбапе се огласи по повредата против Мароко: „Се чувствувам добро“

Фицо повторно нагласи дека му простил на обвинетиот Јурај Ц. и дека не планира да бара одмазда.

„Би било праведно сите оние што стојат зад напаѓачот да бидат соочени со правдата“, рече Фицо, повторувајќи ја својата критика кон медиумите и опозиционите политичари за поттикнување на омраза.

Премиерот изрази уверување дека нов напад врз него е само прашање на време и им посака на сите истата среќа каква што тој ја имаше при обидот за атентат.

Судењето на Јурај Ц., кој сериозно го повреди премиерот во градот Хандлова на 15 мај минатата година, започна оваа недела, но беше одложено за август.