Фестивал ‘Придобивка на љубовта’: Посветен на вдомување на кучиња и одговорно сопствеништво

Како што најавија организаторите од ЈП Лајка, фестивалот има за цел да го привлече вниманието кон важноста на вдомувањето, наместо купување миленичиња, и да ја приближи работата на ова претпријатие до пошироката јавност.

Во рамки на програмата се предвидени две интерактивни игри со кучиња и нивните сопственици, модна ревија со кучињата на Лајка, стилизирани од дизајнерката Ирина Тошева, а сошиени од жените од КПУ Идризово, штанд за ветеринарни совети, како и совети од професионален дресер.

Прочитајте и:  Лигата на шампионите воведува значајни новини од 2027 година